Словенечкиот голман Самир Хандановиќ ќе ја зарши својата фудбалска кариера. 39-годишниот чувар на мрежата го напушти Интер по завршување на сезоната 2022/23 затоа што му истече договорот. Клубот не му го продолжи и од тогаш Хандановиќ е слободен играч, но се уште нема добиено понуда што му одговара.
Словенецот одигра 455 натпревари за „нероаѕурите“ од кои 380 во Серија А во период од 11 години.
Самир најверојатно ќе се прикчучи на тренерскиот штаб на Интер како технички координатор.