СП: Егоров и Шапиев запрени во осминафинале, Магомедов поразен во квалификации

131

Уште тројца македонски борачи денеска се појавија на душекот на Светското првенство во Белград и сите ги завршија настапите пред да влезат главните борби за медалите. Оние од кои и најмногу се оечкуваше, Егоров и Шапиев беа запрени во осминафиналето, додека Магомедов не успеа да ги мине ниту квалификациите.

Владимир Егоров во категоријата до 57 килограми во првото коло беше подобар од Дингашвили од Грузија со 4:2, но во осминафиналето загуби од технички супериорниот Харутјунјан од Ерменија.

Ништо подобро не мина и Расул Шапиев. Тој во категријата до 74 килограми успешно ги мина квалификациите со победа над Кореецот Ли (8:0), а во првата рунда беше подобар и од Саудиецот Улах со 3:2. Во осминафиналето Шапиев за противник го доби Салказанов од Словачка, кој за нијанса беше подобар и со 4:3 го елиминираше нашиот борач.

Ахмад Магомедов се „сопна“ уште во квалификациите. Тој беше поразен во категоријата до 79 килограми од Ахмед Усманов со 3:2.

Последна наша надеж е Магомедгаџи Нуров кој утре стартува во категоријата до 97 килограми.

ПретходноМојсов: Браво за Тиквеш…секогаш е убаво кога се победува Вардар!
СледноМихаилов: Честитки за момците, Силекс покажа карактер против Шкендија, тоа ме радува!