Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ИТКФ во Грција

62

Македонската репрезентација во традиционално карате беше најуспешна на ИТКФ Меѓународниот куп “ Хидетака Нишијама” во Неа Мудања, Грција кој се одржа на 23 и 24 септември 2023 година.

Нашата репрезентација освои вкупно 47 медали од кои 12 златни, 13 сребрени и 22 бронзени медали во сениорска-младински, јуниорска-кадетска конкуренција како и во најмалата категорија за деца.

Најуспешни кај децата беа: Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Филип Недев, Лука Крстевски и Дамјан Трајковски кои освоија повеќе златни медали во поединечна и екипна конкуренција.

Сребрени и бронзени медали освоија: Софија Јарчевска, Ѓорѓи Кокорманов, Војдан Паламидовски, Дамјан Денковски, Максим Поп Трпев и Неда Костадиновска. Кај сениорите најуспешен беше женскиот ката тим во состав: Камелија Недев, Берта и Јана Милевски како и Сашо Спасовски кој освои златен медал во борби за сениори. Јадранка Недева освои три сребрени медали во кати, фукуго и кумите. Берта и Јана Милевски и Сашо Спасовски освоија бронзени медали поединечно.

На второ место по број на освоени медали беше Полска, а на трето место Италија, четврта беше Литванија. Следен голем напревар кој ги очекува нашите каратисти е Светскиот Куп во Лублин, Полска кој ќе се одржи на 30 септември 2023 година.

ПретходноРебров го објави списокот на играчи за дуелот со Македонија!
СледноЃоре по стапките на својот некогашен ученик Зеко Рамадан, ќе биде тренер во С. Арабија!