Марјан Секуловски промовиран во Бангладеш

261

Македонскиот фудбалски стратег, Марјан Секуловски и официјално има нов ангажман. Тоа е клубот Шеик Џамал Данмонди Клуб, прволигаш од Бангладеш.

За Секуловски ова е уште еден во низата на интернационални ангажмани и тоа на далечни и пред се егзотични фудбалски дестинации. Започнувајќи од Ајејавади Јунајтед во Мјанмар, преку Јанјонг во истиот шампионат, Мазија на Малдивите,  Шан Јунајтед повторно во Мјанмар, а во меѓувреме ги водеше домашните Брегалница, Пелистер, Македонија ЃП.

ПретходноПМФЛ: Шкендија во супер – дербито го урна шампионот, сега е лидер! (ВИДЕО)
СледноВо Манчестер Ј. едногласни: Позицијата на Тен Хаг е сигурна!