Во Манчестер Ј. едногласни: Позицијата на Тен Хаг е сигурна!

361

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, сигурно нема да добие отказ од функцијата и покрај лошите моментални резултати, пишува денешен „гардијан“.

Според извори на весникот, раководството на „црвените ѓаволи“ верува во холандскиот стручњак и верува дека тој е способен долгорочно да го однесе тимот на едно ново ниво. Позицијата на Тен Хег во клубот се смета за стабилна.

И покрај тоа што Тен Хаг не се пожали на голем број повреди, управата смета дека тренерот и клубот немале среќа во овој поглед, бидејќи во одреден момент 12 играчи одеднаш беа недостапни.

ПретходноМарјан Секуловски промовиран во Бангладеш
СледноКлоп: Според мене мечот со Тотенхем треба да се преигра, но знам дека тоа нема да се случи