Вечерва од 20.45 часот на Арената во Скопје, се среќаваат Македонија и Словенија во натпревар од 6.коло во Б Лигата на Нации. Покрај останатите занимливости поврзани со овој натпревар, еве и еден што директно не е поврзан со натпреварот туку со двајцата водечки луѓе на Фудбалските федерации на Македонија и Словенија.
Имено денеска на Масар Омерагиќ (ФФМ) и на Раденко Мијатовиќ (ФФС) им е роденден.
Сега кој ќе радува по вечерашниот и кој ќе го прослави роденденот во убава атмосфера, зависи од тоа каков ќе биде резултатот од мечот меѓу Македонија и Словенија.










