Хаос на ракометен меч во Прилеп во рамките на 10.коло во машката кадетска лига меѓу Прилеп и Алкалоид, кој заврши со победа од 29:34, на кој по завршувањето на мечот нападните биле судиите од страна на домашни. Тензиите ескалирале веднаш по завршување на мечот кога дел од домашните ракометари и членови на стручниот штаб на домашните тргнале во пресметка врз судиите. Во таа мешаница подебелиот крај го извлекол судија Давид Марковски кој бил физички нападнат.
Самиот инцидент го започнал домашниот ракометар Бојан Наскоски, кој прво вербално го нападнал Марковски а потоа и го турнал.










