Феникс своето прво европско искуство нема да го памети за убаво. Македонскиот претставник во квалификациите за место во ФИБА Еврокупот оваа авантура ја завршува со два порази и елиминација.
По вчерашното фијаско од Керавнос, вечерва избраниците на Денис Дервишевиќ беа убедливо совладани од Рошток со 72-101 во рамките на групата Е. Со овој натпревар Феник се пакува и се враќа на домашните обврски.
Феникс по едно полувреме имаше негатива од 31-47, која од минута во минута се зголемуваше. На другата страна Рошток не виде мака, па лесно го приведе мечот во своја корист.
Џо Рис постигна 19 поени и 10 скока, Џонс 15 поени, додека Шакур Даниел 12 поени.