Огромната грешка во ВАР собата и поништениот гол на Луис Дијаз на мечот против Тотенхем, според менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп, е знак дека мечт треба да се преигра.
Менаџерот на Ливерпул на прес-конференција одржана денеска изјави дека откако се појави аудио-фајлот од разговорот меѓу судиите, станало јасно дека мечот треба да почне од почеток.
„Звучната датотека не промени ништо. Не ме интересира што се случувало меѓу судиите бидејќи го видов исходот. Дадовме гол и не ни го признаа. Навистина е важно да се справиме со ова на соодветен начин, бидејќи фудбалот е важен. Судијата, линискиот и ВАР судијата не го направија тоа намерно. Тоа беше очигледна грешка, но имаше решенија. Како менаџер на Ливерпул, мислам дека исходот треба да биде нов меч. Аргументот против тоа е дека сите тогаш тоа ќе го бараат, но ситуацијата е без преседан. Сепак, мислам дека тоа и покрај мојата желба нема да се случи“, вели Клоп.