Македонскиот фудбалски стратег, Марјан Секуловски и официјално има нов ангажман. Тоа е клубот Шеик Џамал Данмонди Клуб, прволигаш од Бангладеш.
За Секуловски ова е уште еден во низата на интернационални ангажмани и тоа на далечни и пред се егзотични фудбалски дестинации. Започнувајќи од Ајејавади Јунајтед во Мјанмар, преку Јанјонг во истиот шампионат, Мазија на Малдивите, Шан Јунајтед повторно во Мјанмар, а во меѓувреме ги водеше домашните Брегалница, Пелистер, Македонија ЃП.