Феникс со два порази ја заврши историската евро-авантура

92

Феникс своето прво европско искуство нема да го памети за убаво. Македонскиот претставник во квалификациите за место во ФИБА Еврокупот оваа авантура ја завршува со два порази и елиминација.

По вчерашното фијаско од Керавнос, вечерва избраниците на Денис Дервишевиќ беа убедливо совладани од Рошток со 72-101 во рамките на групата Е. Со овој натпревар Феник се пакува и се враќа на домашните обврски.

Феникс по едно полувреме имаше негатива од 31-47, која од минута во минута се зголемуваше. На другата страна Рошток не виде мака, па лесно го приведе мечот во своја корист.

Џо Рис постигна 19 поени и 10 скока, Џонс 15 поени, додека Шакур Даниел 12 поени.

 

ПретходноМЗТ Скопје со ист „рецепт“ го реши и Гостивар, Еуро Никел со „стотка“ за старт!
СледноРаботнички денеска наполни 86 години!