Од Брегалница со порака: “Мечот со Работнички е шанса да излеземе од резултатската криза“!

202

Факт е дека на Брегалница во последно време не и оди најдобро на резултатски план. Се очекуваше сигурен триумф против Вардар минатиот викенд, но крајот беше 0:0.

Во сабота, во меч од 10.коло во ПМФЛ,Брегалница повторно е домаќин, но сега на Работнички.

Дефанзивецот на “сините“ Виктор Велкоски пред саботниот меч истакнува:

“Очекувам екстремно тежок натпревар.Работнички е доста спремна екипа која има квалитетни играчи. Атмосферата во нашиот тим е одлична. И на овој меч, како и на секој друг одимена на победа. Не криеме дека посакуваме да ја прекинеме негативната резултатска серија“ посочи Велкоски кој едно време играше и за Работнички.

ПретходноМурињо веќе донел одлука: “Специјалниот“ си заминува од Рома!
СледноДонесе одлука: Ембид ќе игра за САД на ОИ во Париз!