ЛЕ: Пораз на Хакен на Трпчевски, Ливерпул сигурен со Ројал Унион (видео)

95

Шведски Хакен не ја оправда фаворитската улога и загуби во дуелот со Карабах на стадионот „Гамла Улеви“ (0:1) во 2.коло од групите на Лигата на Европа. По поразот од Баер Леверкузен, Швеѓаните се понадеваа на подобар резултат против Карабах но впишаа само втор пораз.
Македонскиот интернационалец Филип Трпчевски не играше поради повреда.
А Ливерпул стигна до победа над Ројал Унион од Белгија со 2:0 на својот „Енфилд“. Гравенберг го отвори резултатот во 44 минута, а точка стави Диого Жота во 92 минута по еден контранапад на „црвените“.
Интересно на овој дуел еден против друг играа браќата Мекалистер. Кевин од страната на Ројал Унион, а Алексис кај Ливерпул.

РЕЗУЛТАТИ
РОМА – СЕРВЕТ 4:0
ХАКЕН – КАРАБАХ 0:1
ЛИВЕРПУЛ – РОЈАЛ УНИОН 2:0
МАКАБИ ХАИФА – ПАНАТИНАИКОС 0:0
МОЛДЕ – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 1:2
СЛАВИЈА ПРАГА – ШЕРИФ 6:0
ТУЛУЗ – ЛАСК 1:0
ВИЉАРЕАЛ – РЕН 1:0

ПретходноЛК: „Супер Бојан“ не застанува – погоди за реми на Абердин (видео)
СледноНикој не смееше да изусти збор, Обрадовиќ ги уништи кошаркарите на Партизан (ВИДЕО)