Марио, дали би потпишал за ПСЖ? “Никогаш!“…А за 10 милиони евра? “Секако“!

469

Марио Балотели секогаш е во преден план, но не толку по неговата игра, колку по неговите изјава и сите работи што ги прави надвор од фудбалот.

Напаѓачот на Адана Демирспор, барем е искрен кога станува збор за парите.

Па така следува и неговиот урнебесен одговор на две прашања.

Првото е дали би потпишал за ПСЖ:

“Не, никако и никогаш. Сум бил член на Марсеј и Ница, затоа никогаш не би играл за ПСЖ“ е одговорот на Балотели.

Второто прашање е дали сепак ќе го стори тоа за 10 милиони евра:

„Секако. Да, за 10 милиони евра, апсолутно, да. За тие пари би играл и за тимот на мојот брат Еноко, а тоа е Ривато во Серија Ц“.

Ете, барем е искрен.

ПретходноВест Хем може да се пофали со најдолгата серија без пораз на англиски клуб во Европа
СледноРаботнички како почна – така го заврши квалификацискиот турнир за излез во Европа