Јадна е таа земја во која најдобриот кошаркар во Европа го откажал трансферот во клуб од таа земја поради притисоци кон него од политиката и црквата, кои не кријат дека симпатизираат друг клуб.
Делува замрсено, но кога станува збор за Србија, за Балканот, е тука се е можно.
Имено речиси три месеци се “бруеше“ дека Никола Миротиќ ќе прави трансфер од Барселона во Партизан. И се беше готово,но во последен момент тој го откажал доаѓањето во Белград од повеќе причини.
А кои се тие причини, говори Жељко Обрадовиќ, тренерот на Партизан, најтрофејниот стратег во Евролигата.
„Долго бевме во контакт, постојано разговаравме. Јас лично му објаснував што значи неговото доаѓање кај нас. Се интересираше за сите детали, за сите ситници. Со кого ќе игра, како ќе игра, на која позиција и слично. И се беше готово, сите ние во клубот бевме уверени дека тој доаѓа. Но, во последен момент,кога трансферот требаше да се официјализира, Никола ми рече дека не може да дојде поради притисоци.Кога го прашав од каде доаѓаат тие притисоци, тој ми одговори од политиката и од црквата.Ова го кажувам за да знаат фановите на Партизан што е вистината за недоаѓањето на Никола“.
И треба ли на ова коментар, за каква земја се работи. Само за да едниот клуб не смее да биде подобар од вториот па затоа морала да реагира и црквата.
Ова е Балкан, а тука се е можно.