Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов за првпат оваа сезона ќе ја дели правдата на еден натпревар од Лигата на шампионите.
Македонскиот тандем ќе се најде во центарот на дуелот меѓу Целје и Монпелје во рамките на четвртото коло во најсилното европско клупски натпреварување.
Мечот е закажан за 11 овој месец во „Златорог Арена“.
Начевски и Николов веќе со години добиваат сериозни судиски задачи од страна на ЕХФ, тие ќе бидат дел од Европското првенство 2024 година која ќе се одржи во Германија.