Селекторот на репрезентацијата на Србија, Драган Стојковиќ Пикси го соопшти списокот на репрезентативци на кои ќе смета за двата претстојни квалификациски дуели против Унгарија на 14 октомври во Будимпешта, и три дена подоцна против Црна Гора во Белград.
Има неколку новитети како на пример дефанзивецот на Партизан, Михаило Илиќ, или пак Петар Ратков од РД Салзбург.
Сепак, најголемо изненадување е неповикувањето на Лука Јовиќ кој летово се пресели од Фиорентина во Милан, но очигледно дека повеќе го нема статусот и реномето во српскиот фудбал како некогаш. Стојковиќ едноставно го „прешкрта“ некогашниот играч на Реал Мадрид и се одлучи за поинаква опција.