Ако мислите дека она што досега се случуваше во фудбалската лига на Саудиска Арабија, и сите оние звезди кои заминаа таму, е многу, очигледно дека сте во заблуда.
Водството на лигата одлучи веќе од следниот, зимскиот, преоден рок, да го зголеми бројот на странците во еден клуб, и истиот да го накачи на девет. Ако е ова малку, за следната сезона, истиот ќе достигне до бројката десет.
Тоа значи дека уште серизен број на фудбалски мега звезди, ќе се упатат во шампионатот кој реално ниту прашува за цена, ниту прашува за плата, туку инсистира на доаѓање на секој сериозен фудбалски авторитет, било да е во подоцнежни години или пак во зенитот на кариерата.