Поразот од Лугано донесе и тренерска оставка во редовите на турскиот великан Бешикташ. „Орлите“ на домашен терен водеа со 2:0 против швајцарскиот тим до 80. минута, а во последните десет минути примија три гола и го загубија мечот.
Тренерот Шенол Ѓунеш се почувствува виновен за овој срамен пораз и поднесе оставка која му е прифатена. Тоа значи дека Бешикташ ќе има нов тренер чие име ќе биде соопштено дополнително. Денешниот тренинг го одработи неговиот помошник Бурак Јилмаз и тој ќе работи со тимот додека не биде назначен нов тренер.
Ѓунеш го презеде Бешикташ во октомври 2022 година по отказот на францускиот тренер Валериен Исмаел. Тој го предводеше Бешикташ на 43 меча со скор од 30 победи, 8 ремија и 5 порази.
Ѓунеш е и екс-селектор на Турција и поранешен тренер на неколку турски клубови.