Пикси го „прешкрта“ Лука Јовиќ

814
ФОТО: FS Srbije/FB

Селекторот на репрезентацијата на Србија, Драган Стојковиќ Пикси го соопшти списокот на репрезентативци на кои ќе смета за двата претстојни квалификациски дуели против Унгарија на 14 октомври во Будимпешта, и три дена подоцна против Црна Гора во Белград.

Има неколку новитети како на пример дефанзивецот на Партизан, Михаило Илиќ, или пак Петар Ратков од РД Салзбург.

Сепак, најголемо изненадување е неповикувањето на Лука Јовиќ кој летово се пресели од Фиорентина во Милан, но очигледно дека повеќе го нема статусот и реномето во српскиот фудбал како некогаш. Стојковиќ едноставно го „прешкрта“ некогашниот играч на Реал Мадрид и се одлучи за поинаква опција.

 

ПретходноШеикот Џасим повеќе нема да ја подига својата понуда за Манчестер Јунајтед
СледноПогба позитивен на тестостерон, Јувентус ќе одлучува што да прави со неговиот договор