Алберт Диене (Шкупи): Респект за Тиквеш, но ние сакаме нова победа!

81

Шкупи под водство на новиот стратег Младен Жижовиќ едноставно не знае за доста. Имаа четири од четири, тимот игра добро, а денеска чаирчани ги чека непријатно гостување во Кавадарци. Тиквеш е хит на есенскиот дел, тешко се освојуваат бодови против тимот на Ѓорѓи Мојсов, но според зборовите на Алберт Диене, интернационалецот од Сенегал, Шкупи е подготвен за ново добро издание.

“Како што беше пракса за минатите средби, така и сега пред дуелот со Тиквеш добро се подготвивме. Во клубот владее одлични атмосфера. Респект за тимот на Тиквеш, но ние не криеме дека и овој натпревар сакаме да го добиеме, да дојдеме до нова победа. На сите ни е јасно дека нема да биде лесно. Тиквеш е стабилен тим, кавадарчани имаат добри резултати на домашен тере, но како што реков ние посакуваме нова победа“ заврши Диене.

Мечот почнува од 14 часот, а главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга.

ПретходноЧаир 2030 доби опомена од КФСМ за македонското знаме
СледноЈувентус бара замена за Погба, гледа кон Лондон