Интересни резултати попладнево на четирите средби од 10.коло во ПМФЛ. Брегалница го победи Работнички со 2:1. Решавачки момент беше голот на Вебстер Роналдо со убав гол со глава, претходно стрелаа Андерсон за домашните и Мазари за гостите.
Ова е прва победа на Брегалница по месец и половина.
Гостивар со голот на Кехинде уште во првото полувреме успеа да ја победи“грогираната“ Брера и тоа среде Струмица и тоа со 0:1.
Воска со двата гола на Марушиќ, сега има девет голови, од кој еден од пенал, ја победи Македонија ЃП со 2:1. Да кажеме дека Мишовски за гостите не успеа да погоди од белата точка.
Тиквеш ја прекина серијата на Шкупи, сепак кавадарчани не победија,одиграа 1:1 иако имаа шанси за триумф, но одличен на својот гол беше Илјази кај чаирчани.
РЕЗУЛТАТИ – 10.КОЛО
БРЕРА – ГОСТИВАР 0:1
(/Кехинде 15.)
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 2:1
(Андерсон 15.,Роналдо 72./Мазари 31.)
ТИКВЕШ – ШКУПИ 1:1
(Спахиу 22./Воша 37.)
ВОСКА – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:1
(Марушиќ 23., (п) 76., Алексовски 26.)
НЕДЕЛА, 14 Ч
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС