ПМФЛ: Роналдо го израдува Штип, Гостивар со триумф среде Струмица, Тиквеш ја прекина серијата на Шкупи, Воска ги совлада “лавовите“! (ВИДЕО)

534

 

Интересни резултати попладнево на четирите средби од 10.коло во ПМФЛ. Брегалница го победи Работнички со 2:1. Решавачки момент беше голот на Вебстер Роналдо со убав гол со глава, претходно стрелаа Андерсон за домашните и Мазари за гостите.

Ова е прва победа на Брегалница по месец и половина.

Гостивар со голот на Кехинде уште во првото полувреме успеа да ја победи“грогираната“ Брера и тоа среде Струмица и тоа со 0:1.

Воска со двата гола на Марушиќ, сега има девет голови, од кој еден од пенал, ја победи Македонија ЃП со 2:1. Да кажеме дека Мишовски за гостите не успеа да погоди од белата точка.

Тиквеш ја прекина серијата на Шкупи, сепак кавадарчани не победија,одиграа 1:1 иако имаа шанси за триумф, но одличен на својот гол беше Илјази кај чаирчани.

 

РЕЗУЛТАТИ – 10.КОЛО

БРЕРА – ГОСТИВАР 0:1

(/Кехинде 15.)

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 2:1

(Андерсон 15.,Роналдо 72./Мазари 31.)

ТИКВЕШ – ШКУПИ 1:1

(Спахиу 22./Воша 37.)

ВОСКА – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:1

(Марушиќ 23., (п) 76., Алексовски 26.)

НЕДЕЛА, 14 Ч

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА

СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС

ПретходноТФТ добитен против Чаир
СледноЏирона и натаму го живее лидерскиот сон, гостински триумф кај Кадиз