Бурак Јилмаз е нов тренер на Бешикташ

208

Бешикташ откако се раздели со Шенол Ѓунеш, денеска вее назначија ново тренерско име. Турскиот гигант на клупата го носи неодамна пензионираниот фудбалер Бурак Јилмаз, кој беше промовиран во нов шеф на стручниот штаб, а претходно му беше помошник на Ѓунеш.

Пред Јилмаз е тешка задача затоа што треба да го врати тимот на врвот на табелата, каде во моментов не се наоѓа поради поразите од Трабзон и Адана и ремито со Пендикспор. Резултатите во домашното првенство беа проследени со лоши игри и во Конференциската лига.

Јилмаз во својата богата кариера го носеше дресот на Бешикташ од 2006 до 2008 година.

ПретходноФијаско на МЗТ Скопје на стартот на АБА2-лига!
СледноРафа сакаше да сокрие, директорот го „издаде“