Со право владееше голема еуфорија по мечот во таборот на Струга ТЛ. Да се победи Шкендија со 1:0 во големото дерби не е мала работа, посебно кога тие три бода значат и искачување на врвот на табелата. Сега по ова 13.коло стружани имаат 29 бодови, додека втората Шкендија 27.
Сега Струга ТЛ се прашува за врвот, се прашува барем за есенската титула.
По победата денеска над големиот ривал, секако дека следуваше победничкото селфи од соблекувалната на стружани.
И уште еднаш, ова беше седми меч сезонава дома за Струга ТЛ и седмма победа, и тоа без примен гол или цели 630 минути не се тресела домашната мрежа.
Струга ТЛ знае како треба.















