Закариќ роденденски му донесе победа на Вардар во Кратово (ВИДЕО)

108

Екипата на Вардар успеа да го добие тешкиот дерби дуел против тимот на Силекс на гостински терен во раките од 13. коло од ПМФЛ шампионатот денеска одигран во Кратово.

По одлични сончеви услови, Вардар го издржа притисокот кој што домаќинот го направи особено во вториот дел и со минимални 0:1 да ги однесе трите бода.

Клучен момент на овој меч беше оној на самиот старт во второто полувреме кога, Тодоровски додаде за Пиреш, овој за Омерагиќ, а капитенот на Вардар додаде на вториот дирек за Закариќ. Најдобриот играч на Вардар сезонава реализираше за водство, кое што Вардар успеа да го задржи до самиот крај.

Силекс имаше две офсајд ситуации по кои погоди но не валоризираше. Првата во првиот дел кога Ефтимов беше во офсајд по голот на Шеро, а втората ситуација кога во финишот на мечот, Мишов погоди, но повторно беше во ендозволена ситуација.

Домаќинот имаше грст ситуации во вториот дел, но не успеа да ги искористи. Што поради непрецизност, што поради способноста на Давор Талески да спаси.

Вардар со оваа победа ја прекина негативната серија мечеви, стигна до 24. поени и четврта позиција на табелата.

Силекс пак е место подолу со 17 поени.

 

ПретходноХесус Овоно размислува за крај на кариерата
СледноКадетите подобри од Косово на Регионалниот Челинџ Куп У16