Иако желбите беа да се биде организатор на Мундијалот во 2030, сепак С. Арабија мораше да ја повлече кандидатурата за тој Мундијал. Познато е зошто ФИФА тоа СП го “расцепка“ на шест држави, но богатите Саудијци, во земјата каде што сега играат Роналдо, Нејмар, Бензема…не се откажуваат. Имено оваа држава официјално поднесе кандидатура за организатор на СП во 2034 година.
“Официјално. Испративме писмо до ФИФА со намера да бидеме домаќини на СП 2034 година. Ова е првиот чекор што го направивме, имаме поддршка од повеќе од 70 земји, членки на ФИФА“ велат од С. Арабија.
Инаку познато е дека СП 2026 ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, додека она во 2030, на јубилејот 100 – години од првото СП, ќе се одржи во Аргентина, Уругвај, Парагвај, Шпанија, Португалија и Мароко.










