Центарфорот на Челзи, Николас Џексон, денеска бил опериран. Станува збор за операција на зглоб на раката, која е минимален зафат и тој треба да му биде на располагање на Маурисио Покетино за лондонското дерби против Арсенал веднаш по репрезентативната пауза.
Џексон ги одигра последните два натпревари со шина за раката, а се чини тоа и му донесе среќа бидејќи постигна голови на двата натпревари. Напаѓачот беше изоставен од тимот на Сенегал за пријателскиот натпревар против Камерун и наместо тоа остана во Лондон за да оди на операција за да има време навреме да се опорави.










