Лошите резултати во новата сезона го принудија раководството на Севиља да повлече радикални чекори и да го отпушти тренерот Хозе Луис Мендилибар и покрај тоа што овој тренер на клубот му го донесе трофејот во Лига Европа минатата сезона.
Во новата сезона клубот игра топло-ладно и е далеку од врвот, па Мендилибар доби отказ и веќе се знае новиот тренер.
Тоа е довчерашниот селектор на Уругвај, Диего Алонсо. Го водеше Уругвај од 2021 до 2023 година, а претходно работеше во Интер Мајами, потоа мексиканските Пачука и Монтереј, како и уругвајските Олимпија, Пењарол.
Најголемите успеси му се трофеите во КОНКАКАФ Лигата на шампионите со Пачука и Монтереј, трето место на ФИФА светското клупско првенство со Пачука како и шампионска титула со оваа екипа.










