Во сабота со почеток од 15 часот во Прага, нашата најдобра репрезентација ќе го одигра веројатно најважниот меч во овие квалификации за ЕВРО 2024 и тоа како гостин на Украина.
Подобрата игра и ремито со Италија, како и пообедата над Малта минатиот месец, сите во нашиот табор очекуваат и добар резултат против Украина.
Стефан Ашковски за претстојниот дуел во Прага истакна:
“Јасно е дека очекувам добар натпревар против Украина. Со позитивна мисла и силна мотивација, да се обидеме да ја пренесеме енергијата од двата последни меча и на овој натпревар. Борбеност, позитивна мисла и добра мотивација како што реков. Тоа е најважното за мечот со Украина во Прага“.










