Колумбиецот Кристиан Карабали ќе биде последното засилување за Струмица пред ЛШ

404

29-годишниот колумбиски среден блокер, Кристиан Камило Карабали ќе бие најверојатното последно засилување за македонскиот одбојкарски шампион Струмица во пресрет на новата сезона, а особено мечевите од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Карабали е искусен одбојкар висок 203 сантиметри, кој последните две сезони ги помина како член на израелскиот клуб Реховот. Претходно настапуваше и во Шпанија, Романија и Грција.

Колумбиецот треба да ја пополни празнината на центарското место во тимот во очекување на сериозните пресметки со Будва, Нефтохимик и Капошвар во групата „А“ од квалификациите за место во групната фаза од најсилното европско натпреварување.

ПретходноПролет добро го испоти Пелистер пред дуелот со ПСЖ
СледноТиквеш со Скопје се загреваше за дербито во Автокоманда