Дуелот меѓу Чачак и Тамиш во рамките на српската лига на момент беше прекинат поради тепачка на теренот. Истата се случи на средината на третата четвртина, а причината е поради лошото судење од страна на арбитрите.
Во еден момент на теренот имаше тупаници и туркање, но на голема среќа страстите брзо се смирија, па мечот продолжи. На крајот како победник излезе Чачак, кој беше подобар со 91-85 за прва радост оваа сезона.
Според анализите, судиите имале неколку технички пропусти, недозволиво е искусните лица како нив да судат толку слабо, да им е свртен умот на претстојниот натпревар од АБА лигата и да ја потценуваат домашната игра, пишуваат тамошните медиуми.










