29-годишниот колумбиски среден блокер, Кристиан Камило Карабали ќе бие најверојатното последно засилување за македонскиот одбојкарски шампион Струмица во пресрет на новата сезона, а особено мечевите од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Карабали е искусен одбојкар висок 203 сантиметри, кој последните две сезони ги помина како член на израелскиот клуб Реховот. Претходно настапуваше и во Шпанија, Романија и Грција.
Колумбиецот треба да ја пополни празнината на центарското место во тимот во очекување на сериозните пресметки со Будва, Нефтохимик и Капошвар во групата „А“ од квалификациите за место во групната фаза од најсилното европско натпреварување.










