Селекторот на француската кошаркарска репрезентација Винсент Коле ќе ја задржи функцијата најмалку до летото 2024 година, кога ќе се одржат Олимписките игри во Париз. Ова денеска беше објавено на веб-страницата на Француската кошаркарска федерација.
Раководството на федерацијата е подготвено да му прогледа низ прсти на Коле за неуспехот на репрезентацијата на последното Светско првенство 2023 година, бидејќи смета дека селекторот има извонредна способност „брзо да се враќа“ по шоковите.
Француската репрезентација на сензационален начин не успеа да ја надмине групната фаза на Светското првенство, по што тимот беше погоден со низа критики.










