За разлика од нас, Украина го продолжува својот сон за пласман на ЕВРО 2024. Момците на селекторот Сергеј Ребров славеа против Македонија со 2:0 и освоија големи три бода.
Секако дека по мечот украинскиот селектор беше задоволен од исходот, но исто така ја пофали и нашата репрезентација:
„Секогаш имаме голема поддршка од навивачите и благодарам на Прага и Чешка која ни дозволи да тренираме тука и да играме. Македонија покажа дека е квалитетен тим. ова беше многу важен меч за двата тима. Едноставно моравме да се бориме силно за да стигнеме до победата. Кога поведовме, добивме уште поголема сила да се бориме и да стигнеме до посакуваната победа“, рече Ребров.