Аријан Адеми: Штета, имавме голем број шанси кои не ги реализиравме!

293

Аријан Адеми во второто полувреме доби шанса да заигра пна денешниот меч со Украина. Сепак ни тој не помогна да го избегнеме поразот. По средбата нашиот играч за врска истакна:

Имавме голем број шанси, ова беше една отворена средба. Се виде дека на крајот одлучи нивниот мир при реализацијата на шансите. Што е тука е, одиме понатаму. Ни останува против Италија и Англија да одиграме најдобро што можеме, да се обидеме да изненадиме.Тоа е тоа“ кусо изјави Адеми.

ПретходноРебров: Македонија и денеска покажа дека е квалитетен тим!
СледноБојан Миовски: А кој сака повеќе од мене да постигне гол!