Станковски асистент во ремито на Колос (ВИДЕО)

0

Македонскиот интернационалец и репрезенативец, Лука Станковски е асистент во денешното реми 1:1, на неговиот тим Колос на гостувањето кај тимот на Буковјна.

Офанзивецот одлично реагираше во акцијата во која што имаше удел на два пати и во која што од тешка позиција успеа да асистира за стрелецот на голот, Денис Ндукве.

Станковски во последните седум мечеви на својот тим има полна минутажа, и забележа гол, а еве сега и асистенција.
Тој како и во минатиот репрезенаттивен прозорец и овојпат е на списокот на селекторот Гоце Седлоски, за мечевите против Шкотска односно Словенија во рамките од Лигата на Нациите.

 

Претходно„Крвникот“ на Вардар одби да излезе на терен: „Судиите му ја дадоа титулата на РФС…“