Неочекуван расплет на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Аграм и Сплит во хрватската Прва лига за жени. Гостите од Сплит победија со 2:1 и тоа со пресврт во второто полувреме со головите на голманката Стефани Буковец.
Таа имаше двојна улога. Почна меѓу стативите, но поради проблеми со играчкиот кадар тренерот одлучи да ја префрли во нападот, а на голот ја стави втората голманка. А Стефани постигна два гола, еден по брз контра напад и другиот со глава за победа на својата екипа.
View this post on Instagram