„Залутан лик во спортот ни ја заклучи салата, ни рекоа – и Меси да дошол не смееле да го пуштат“

962

Наместо футсал дерби, заклучена сала. Тоа беше реакцијата на КМФ Железарец кој требаше, а не го одигра дерби мечот со КМФ Форца. Тие велат дека некој директор им ја заклучил салата „Антон Димитров“ во Бутел.
Џабе припреми, џабе тренинзи, џабе лига, џабе… Кога наместо дерби, наместо вечерно футсал уживање, доживуваш намерно да ти гасат струја и да не те пуштаат во сала оние кои до вчера плачеа дека немале услови за тренинг и за натпревари.
Одговорните за одржување на салата „Антон Димитров“ во Бутел, ти кажуваат дека ни Меси да дојде не смеат да го пуштат затоа што добиле таква наредба од некој си господин директот на некој си ракометен клуб. Наредба од повисока инстанца, ВАУ како тоа сериозно звучи!

Ама во брзање да ја затворат вратата забораваат дека неколку ракометари се уште се во салата и остануваат заклучени внатре. Управите, стручниот штаб, играчите и публиката на двете екипи, заедно со полицијата, делегатот и судиите на натпреварот се чудат дека во 21 век некој залутан лик во спортот, лечи некакви свои комплекси.

Господине директор, залутан спортски неработнику, КМФ Железарец е достоен да игра во секоја сала, не поради името, туку поради ѕвездите кои ги носи на своето лого, ако сте писмен да знаете што значат тие. Нека ви служи на чест!“, стои меѓу другото во соопштението на петкратниот футсал шампион.

Целото соопштение прочитајте го подолу.

ПретходноПочнува одбојкарската сезона: Струмица и Работнички во одбрана на тронот
СледноГолманка постигна два гола и донесе пресврт и победа за својот тим (видео)