Голманка постигна два гола и донесе пресврт и победа за својот тим (видео)

256

Неочекуван расплет на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Аграм и Сплит во хрватската Прва лига за жени. Гостите од Сплит победија со 2:1 и тоа со пресврт во второто полувреме со головите на голманката Стефани Буковец.
Таа имаше двојна улога. Почна меѓу стативите, но поради проблеми со играчкиот кадар тренерот одлучи да ја префрли во нападот, а на голот ја стави втората голманка. А Стефани постигна два гола, еден по брз контра напад и другиот со глава за победа на својата екипа.

Претходно„Залутан лик во спортот ни ја заклучи салата, ни рекоа – и Меси да дошол не смееле да го пуштат“
Следно„Сити Парк Бојс“ се мобилизираат пред вечното дерби број 163