Хајдук го отпушти Леко, Трајковски веќе има нов тренер

688

Мислав Кароглан ќе биде нов тренер на Хајдук. Тој се враќа на клупата на тимот на нашиот Александар Трајковски по 10 месеци кога поради лични причини мораше да ја напушти тренерската функција. Во последната сезона го предводеше Хајдук на вкупно 12 официјални натпревари на кои забележа осум победи и четири нерешени резултати.

Кароглан доаѓа на местото на Иван Леко кој денеска и официјално доби отказ. По анализата на моменталната ситуација и резултати, договорено било раскинување на соработката. Со него заминуваат и неговите помошници Аднан Чустовиќ, Томислав Рогиќ и Матијас де Баердемаекер , објавија претходно од Хајдук.

ПретходноТака е кога имаш добар тренер: Ако се сметаат мечевите во цела 2023, тогаш Астон Вила е послаба само од Манчестер Сити! (ФОТО)
Следно„442“: Чарлтон е најдобриот играч на Манчестер Ј. во историјата, Роналдо е дури на 11. место