„442“: Чарлтон е најдобриот играч на Манчестер Ј. во историјата, Роналдо е дури на 11. место

518

Магазинот „442“ денеска направи ранг-листа на 50-те најдобри фудбалери низ историјата која го носеле дресот на Манчестер Ј. Повод за рангирањето беше смртта на Боби Чарлтон, кој од аналитичарите и новинарите на магазинот е избран за најдобар играч во историјата на Манчестер Јунајтед.

Напаѓачот, кој играше за клубот од 1956 до 1973 година, го зазеде првото место на листата од 50 играчи, според споредбени податоци за настапи, голови…, но најмногу според влијанието кое играчот го имал врз клубот. Оттука Боби Чарлтон несомнено е на првото место, а зад него останаа Џорџ Бест и Брајан Робсон.

Од поновата историја на „црвените ѓаволи“, Ерик Кантона се најде на 4. место на оваа листа, додека Кристијано Роналдо е дури 11-ти.

  1. Боби Чарлтон
  2. Џорџ Бест
  3. Брајан Робсон
  4. Ерик Кантона
  5. Денис Лоу
  6. Вејн Руни
  7. Рајан Гигс
  8. Данкан Едвардс
  9. Петер Шмајхел
  10. Пол Сколс
  11. Кристијано Роналдо
  12. Рој Кин
  13. Рио Фердинанд
  14. Дејвид Бекам
  15. Гери Невил
  16. Роџер Брн
  17. Томи Тејлор
  18. Денис Ирвин
  19. Бил Фоулкс
  20. Руд ван Нистелрој
ПретходноХајдук го отпушти Леко, Трајковски веќе има нов тренер
СледноЕфектот Меси: МЛС собори рекорд на посетеност!