Пелистер нема време за тагување по пропуштената шанса да го победи Вардар 1961 убедливо и да го превземе првото место на табеалата, вечерва мора да се исправи против Кјелце во меч од шестото коло во Лигата на шампиони, каде нема ниту еден бод.
Иако македонскиот првак зад себе има турбулентни денови со промена на клупата, заминувањето на Шундовски и Јовиќ и привременото решение Бранко Ангеловски, сепак во редовите на битолскиот тим веруваат дека можат да одиграат добар меч против полскиот клуб, па дури и да изненадат.
„Ќе се соочиме уште еден добар тим како што е Кјелце. Противникот игра еден ист систем со години, а неговата цел секогаш е Фајнл-фор завршницата. Како што кажав и пред сезоната во 14 натпревари сигурен сум дека ќе изненадиме некого. Можеби тоа ќе биде баш против Кјелце. Ги почитуваме, бидејќи се многу силен тим. Тие имаат свој систем на функционирање, кој е нивната најсилна страна“, рече голманот на Пелистер, Урбан Лесјак.