Автобусот на Реал предизвика сообраќајка на улиците на Барселона! (ВИДЕО)

334

Иако минаа два дена од „Ел Класико“, во кое Реал Мадрид со головите на Белингем успеа да победи со 1:2 на гости кај Барса, сеуште една од главните теми во европската фудбалска јавност е тој дуел.

Инаку било интересно и на улиците на Барселона пред почетокот на мечот. На интернет осамна видео во кое се гледа како клупскиот автобус на “кралевите“ при доаѓањето на стадионот “Монжуик“ предизвикал сообраќајка од помала размери.

Сепак, како што се гледа од видетото, до ова да дојде има вина и кај граѓаните на Барселона кои откако видоа за кого станува збор со фрлаа разни предмети кон автобусот, тоа очигледно било доволно возачот да не биде толку сконцентриран.

ПретходноФото вест: Ова Јувентус ли е или Македонија ЃП?
СледноЛео вечерва ќе ја добие “Златната топка“ по осми пат! (ФОТО)