На вчерашниот меч од 12.коло во ПМФЛ меѓу Македонија ЃП и Тиквеш, кој на крајот заврши со резултат 1:1, “лавовите“ настапија во малку необична опрема за нив. Се знае дека клупските бои се жолта и црвена, но вчера тие играа со „црно – бела“ опрема. И ако се види дизајнот на дресот, ќе се забележи дека со слични дресови игра и гигантот од Италија, тимот на Јувентус.
Па така вчера тие што го следеа мечот во живо, а и сите останати покрај ТВ екраните со право се прапшуваа: Ова Јуве ли е или Македонија ЃП?
Сепак “црно – белите“ дресови иако не изгледаат така лошо не им донесоа среќа на “лавовите“. Тие во судиското продолжение од пенал примија гол и мечот заврши со резултат 1:1.