Боби задоволен од соработката со ФФМ, вели не знае дали ќе добие нов договор

396

„СпортСпорт“ пред неколку дена објави дека УО на ФФМ на седница во Кичево дал „зелено светло“ за претседателот Муамед Сејдини да преговара со Благоја Милевски за нов двегодишен договор. На денешната прес-конференција на новинарско прашање за евентуалното продолжување на договорот, Милевски одговори:

„Морам да изразам задоволство од поддршката на ФФМ, ги имам сите услови на располагање. Поминаа 2 години и два месеци како селектор, а се што следи е знак прашалник. Јас сум фокусиран на овие два натпревари. Околу тоа дали овие два месеци се пресудни за продолжување на договорот, мислам дека не, затоа што многупати досега сум ја докажал својата работа и посветеност кон националните селекции“, изјави актуелниот селектор на сениорскиот тим.

ПретходноМилевски: Ме радува враќањето на Тихо, мора физички да издржиме на двата меча
СледноЛЕ: Ливерпул, Рома, Баер (Л) со победи до место во нокаут-фазата