Англија и без Белингем во Скопје?!

585

Повредата на рамото на Џуд Белингем се чини дека е повеќе од сериозна. Имено денеска од Реал Мадрид објавија дека нивната прва ѕвезда поради дислокација на рамото нема да биде во тимот на вечерашниот меч со Валенсија кој се игра од 21 часот на “Сантијаго Бернабеу“. Познато е дека Англичанецот го пропушти дуелот со Брага во ЛШ, само за да биде вечера подготвен, сепак ништо од тоа.

Во соопштението на Реал не се наведува колкава всушност ќе бида паузата, односно колку ќе трае рехабилитацијата на рамото на Белингем.

Во медиумите се споменува дека таа ќе трае најмалку две до три недели, а тоа значи дека Белингем нема да биде во составот на Англија на средбата со Македонија на 20 овој месец.

Сепак за ова ќе треба и официјална потврда од селекторот Герет Саутгејт. Да потсетиме дека од списокот прво отпадна, поради повреда, и Џејмс Медисон.

ПретходноАрсенал убедлив против тимот на Чурлинов, Јунајтед се изнамачи со Лутон за трите бода! (ВИДЕО)
СледноМбапе со хет-трик го “скрши“ Ремс, ама Донарума блескаше!