Уште една блескава партија на Лука Дончиќ во НБА-лига. Словенецот го предводеше Далас до убедлива победа против ЛА Клиперс со 144-126 поставувајќи рекорди.
Дончиќ постигна 44 поени со 17/21 од поле, што пак е најдобриот просек во неговата карира. За три поени имаше 6/9, додека ги погоди сите четири слободни фрлања. Словенецот додаде шест скока и исто толку асистснеции, сето ова со индексни поени од 32. Па стана првиот играч во НБА-лига со 44/6/6 заедно со +32.
Посебно е фасцинантно што сето тоа му успеа за само три четвртини и за вкупно неполни 32 минути игра, соборувајќи го клупскиот рекорд по број на постигнати поени за толку кратко време.
Ова беше 29-ти натпревар за Дончиќ во последните пет сезони со бројки 40/5/5 во најважните категории, што е убедливо најдобро во НБА бидејќи првиот до него Џејмс Харден има 19.
Инаку, ова е втор натпревар на Дончиќ со вакви бројки сезонава иако само што започна. Само Дончиќ и Стеф Кари одиграа повеќе од еден натпревар со 40 поени, а со игра за историја против Клиперс, словенечкиот феномен успеа да го постигне она што го постигнаа само двајца од најголемите играчи.
Од создавањето на НБА во 1976 година, до вечерва само Мајкл Џордан и Леброн Џејмс имаат одиграно повеќе од 30 натпревари со 40+ поени пред да наполнат 25 години. Од синоќа во ова друштво е Дончиќ со чудесен настап против Клиперс. Не е чудно што успеа да го направи сето ова против тој тим бидејќи ова беше негов 10-ти натпревар со 40 или повеќе поени против Клиперс, што е пет повеќе отколку против неговиот втор омилен клиент, Вориорс.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Филаделфија 106-114
Вашингтон – Шарлот 117-124
Бостон – Бруклин 121-107
Хјустон – Су Орлеанс 104-101
Мемфис – Јута 121-127
Сан Антонио – Минесота 110-117
Далас – ЛА Клиперс 144-126
Феникс – ЛА Лејкерс 119-122
Сакраменто – Оклахома 105-98










