Легендарниот поранешен играч на Милан, Паоло Малдини се враќа на фудбалот. Тој ќе биде нов технички директор на Ал Итихад од Саудиска Арабија, пренесуваат од Италија. Малдини беше технички директор во Милан, но по несогласувања со управата доби отказ.
Сега Малдини е на пат да биде директор во еден од најпопуларните клубови во Саудиска Арабија.
Ал Итихад неодамна го смени тренерот, Нуно Еспирито Санто си замина по караницата со една од главните ѕвезди Карим Бензема.










