Фудбалер од Танзанија ќе го засили Баерн Минхен

182

Младиот, 17-годишен Нестори Иранкунда ќе стане нов фудбалер на Баерн Минхен во јануарскиот преоден рок. Ова момче настапува во австралискиот шампионат, во тимот на Аделајд јунајтед како крилен напаѓач, инаку роден во Танзанија, но има настапи за У17 селекцијата на Австралија.
Фабрицио Романо истакна дека ова момче ќе дојде во Баерн Минхен во 2024 година и дека цената на трансферот ќе биде нешто повисок од 3 милиони евра.

ПретходноЕди Хау доби лекција по фудбал во „неговиот“ Борнмут, Соланке го сруши Њукасл!
СледноВо Гевгелија откажа семафорот, па мечот беше завршен после речиси три часа